Меси во четиригодишна врска со „Златната топка“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 08 Јануари 2013 01:19   

 

Аргентинскиот фудбалски гениј Лионел Меси постави нов рекорд, одкако синоќа во Цирих по четврти пат по ред му беше доделено најпрестижното фудбалско признание, „Златната топка“.


Четвртата по ред награда за напаѓачот на Барселона ја потврдува неговата доминација, и повторно го поткренува прашањето, дали Меси е најдобриот кој играч на сите времиња.


По добивањето на четвртото по ред признание Меси остана осамен на врвот на освојувачи на златната топка, напуштајќи го друштвото на легендарните Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен, кои имаат по три титули во историјата досега.


- Ова е неверојатно, не можам да поверувам, без разлика што не ми е прв пат да го добијам ова признание. Сакам да им заблагодарам на финалистите, на мојот пријател и соиграч Иниеста, но и на мојот пријател надвор од теренот, а ценет противник на него, Роналдо. Им благодарам на сите мои соиграчи од Барса, од аргентинската репрезентација, тренерите, роднините и пријателите, како и мојата сопруга, без чија поддршка немаше да станам тоа што сум – изјави секогаш скромниот Меси.


Најдобра фудбалерка на годината е прогласена Американката Аби Вомбах, тренер за 2012 е шпанскиот селектор Висенте дел Боске, додека добитник на наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол е Словакот во Фенербахче, Мирослав Штох.


Во изборот на идеалниот тим на годината преку 40 професионални фудбалери одлучија дека најдобрите се од Шпанија, поточно од Барселона и Реал Мадрид, плус Радамел Фалкао од Атлетико Мадрид.


Идеален тим на светот: голман: Икер Касилјас - одбрана: Дани Алвеш, Жерар Пике, Серџио Рамос, Марсело – среден ред: Чаби Алонсо, Чави Ернандез, Иниеста – напад: Меси, Фалкао, Роналдо.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov