Објавени видеата од unplugged концертот на Наташа Малинкова

 

Одкако навести дека дивиди изданието од својот unplugged концерт нема да се најде во продажба, кавадаречката поп дива Наташа Малинкова не дозволи да им се ускрати правото на уживање на своите фанови, презентирајќи им ги unplugged преработките на своите песни преку youtube каналот на Sky eye production, т.е. продукцијата која го работеше настанот, но и последните видео спотови на познатата пеачка.


Играјќи си со насловите на своите песни, Наташа Малинкова подготвила едно интересно концептуално решение за текот на целиот концерт кое ние би го опишале вака: „Започнувајќи го музичкото патување со синглот „Патувам“, со „1000 зборови“ Наташа ќе ви каже дека „Залудно е се“ и дека „Ни ти, ни тој“ не сте успеале да ја оставите „Ранета“, па продолжувајќи накај „Север и Југ“, сваќајќи дека ова не е „Грешка“, „Ми вети се“, но неуспеа да „Не го мами срцето“ за на крајот засекогаш да биде „Твоја“.


Покрај Наташа, на видеото кое пролетва се снимаше во култниот Pub Blue, ќе ги видите и нејзините долгогодишни пријатели и соработници: Марјан Недев, Петре Ангелов (The Fish), Ирена Гелевски, Ристе Шандаров, Диме Камчев, Славчо Коцев и Лазе Соколов.


Во продолжение, погледнете ги видеата кои веќе се дел од youtube каналот на Sky eye production.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov