Фетел: „Сеуште не сте го виделе најдоброто од мене“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 25 Декември 2012 01:44   

 

Иако веќе има три шампионски титули од Ф1 циркусот, германецот Себастијан Фетел вели дека сеуште не сме го виделе максимумот од неговите можности.


„Од гледна точка на успесите и заработените титули кај пилотите и конструкторите последните три години беа исклучително успешни. Сеуште не сте го виделе најдоброто од мене. Се надевам дека во следните години и тоа ќе се случи“ - изјави пилотот на Ред Бул.


„Знам дека треба уште да се развивам, и дека има уште многу сезони, за да го исполнам тоа. Секогаш можеш да бидеш подобар. Она што сум го постигнал досега, останува зад мене и веќе се концентрирам само за претстојните натпревари", заврши Германецот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov