Фергусон зборуваше пред студентите на Харвард PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 19 Декември 2012 17:14   

 

Еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон им се обрати на студентите на универзитетот во Харвард. Зборувајќи за тактиките, мотивацијата, за новите тренери, но и за своите колеги, Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, популарниот Ферги истакна:


„Ги менувам тактиките во зависност од противникот. Се концентрирам на еден или двајца влијателни фудбалери од противничкиот тим. Кој ги изведува слободните удари? Кој ја има постојано топката? Кој најмногу се залага? Петокот пред натпреварите со моите играчи анализираме видео материјали од противникот. Ги анализираме нивните силни страни и слабости. Целото останато време сум фокусиран на мојот тим."


„Помеѓу двете полувремиња имам само околу 8 ефективни минути за да им се обратам на фудбалерите затоа во последните минути од првото полувреме јас размислувам за тоа што ќе зборувам. Не си запишувам забелешки. Гледам дека други тренери го прават тоа, но јас не сакам да пропуштам од натпреварот за да запишувам, а и не можам да се замислам како на полувреме во соблекувална им се обраќам на фудбалерите читајќи од ливчиња."


„Првата работа која 99% од новоангажираните менаџерите ја прават е размислувањето за тоа како да победат за да опстанат и најчесто носат искусни фудбалери во тимот. Но јас мислам дека поважно е да се изгради структура за фудбалски клуб, а не фудбалски тим. Треба да имаш основа и нема ништо подобро од тоа да видиш како еден млад фудбалер се пробива во првиот тим."


„Не можеш постојано да се дереш. Тоа не функционира. Никој не сака да биде критикуван. Но во фудбалот мора да се укаже на грешките. Јас тоа го правам веднаш по натпреварот. Не чекам до понеделник. Го правам тоа и сум завршил. Од понеделник веќе размислувам на следниот натпревар. Нема поента да го критикуваш играчот постојано."


„Жозе е многу интелигентен и харизматичен. Фудбалерите играат за него, а притоа и добро изгледа. Веројатно и јас ги имам поголемиот дел од тие работи, освен што, тој е поубав од мене. Тој често вели дека ќе победи на некој натпревар и за себе тврди дека е специјален. Јас никогаш не би можел да направам такво нешто. Можеби тоа има врска со фактот што сум Шкотланѓанец“.


„Што се однесува на Гвардиола, тој е фантастично момче, донесе големи промени во Барселона, екипата со него секогаш работеше фантастично и ги научи фудбалерите да ја вратат топката само неколку секунди откако ќе ја загубат. Играчите на Барселона се многу талентирани, но вредно работат и затоа забележаа големи успеси“.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov