Видео: Вистинскиот филм на македонските студенти

 

Да се биде академски граѓанин во Македонија и не е така лесно, особено доколку студентскиот живот го поминувате во домовите во кои живеат младите од внатрешноста.


Преку барањето позитивност во сите негативности, Гано, Венко, В`ната и останатите актери од филмот „Стив Наумов - Дом“ на саркастичен начин го опишуваат живтот во студентскиот дом.


Филмот е снимен „тајно" во сега веќе далечната 2004 година, без знаење на управата, и во истиот се прикажува животот на четири различни студенти чиј живот не се разликува премногу од оној на денешните становници на овој дом.


Филмот предизвика реакции низ интернет мрежата, но по неколку недели од неговото објавување, работите стивнаа, а животот во „Стив“ останува да си биде онаков како што сите го знаат и паметат, мизерен.


Филмот е режиран од Вардан Тозија, додека продукцијата ја работеше Русе Арсов.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov