„Шундо“ го отфрли „Диви“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 15 Декември 2012 11:49   

 

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Звонко Шундовски, го изостави Петар Ангелов од листата на 20 ракометари кои ќе ги започнат подготовките за Светското првенство кое од 11 до 27 јануари ќе се оддржува во Шпанија.


Покрај кавадарчанецот Ангелов, место меѓу 20те најдобри нема ниту за ветеранот Стефче Алушевски, а покрај нив отпаданаа и Лазе Мајнов, Горан Кузмановски, Влатко Митков, Дејан Пецаковски, Милорад Кукоски и Ристо Арнаудовски.

 

По бришењето на „Диви“, Милан Левов е единствениот кавадарчанец кој најверојатно ќе патува за Шпанија, а покрај него во списокот на 20 ракометари се: голманите Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, пикери: Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Ванчо Димовски, крилата Владимир Темелков, Гоце Георгиевски, Златко Мојсовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлевски и бековите Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Бранко Ангеловски, Филип Лазаров, Велко Марковски, Ацо Јоновски, Мите Стоилов.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov