Скромниот Меси пред нови рекордерски предизвици PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 11 Декември 2012 01:38   

 

„Многупати досега сум повторил дека е убаво да се поставуваат рекорди, но победите на тимот се многу поважни. Моите голови ги постигнувам за тимот, за да ја освоиме титулата. Трофеите во Примера, Kупот на Шпанија и Лигата на шампионите вредат многу повеќе од личните рекорди“ – рече новиот рекордер Меси кој го надмина остварувањето од 85 голови во една календарска година на германецот Герд Милер постигнато во далечната 1972 година.


Аргентинскиот фудбалски виртуоз стигна до оваа неверојатна бројка стрелајќи прецизно 56 пати на 35 натпревари во Примера дивизион, три гола запиша во Kопа дел реј, два во Суперкупот на Шпанија, 13 во ЛШ и 12 на деветте одиграни средби во дресот на аргентинската репрезентација.


Иако има време да го подобри рекордот, фудбалските аналитичари започнаа со поставување на новите голгетерски „индикатори“ кои Лео наскоро може да ги оствари. Се работи за четири рекорди за кои е многу веројатно дека аргентинецот наскоро ќе ги надмине.


Првиот е врзан за Барселона. Имено, Меси е најдобар стрелец на клубот кога се во прашање официјални натпревари, но во моментов се наоѓа на третата позиција ако ги земеме и пријателските дуели. Паулино Алкантара (369) и Хосеп Самитиер (333) се пред него, а Меси со оние два против Бетис стигна до бројката од 303.

Кога станува збор за аргентинската репрезентација, Меси се наоѓа на четвртото место. Пред него се Габриел Батистута (56), Хернан Креспо (35) и Диего Марадона. Леро во моментов има 31 гол, но од спомнатите тројца, само тој е активен играч и му претстојат најмалку уште 6-7 години активно играње за националниот тим.

Легендарниот Телмо Зара е најдобар стрелец во историјата на Примера, но само прашање на ден е кога Меси ќе го достигне. Аргентинецот во моментов е на деветтата позиција на оваа листа, а со темпото со кое постигнува голови би можел до крајот на 2013 година да стигне до првото место. Пред Меси, на оваа листа се уште: Хуго Санчез (234), Раул (228), Ди Стефано (227), Цезар (226), Кини (219), Пахина (210) и Суарез (195).

Најдобар стрелец во Лигата на шампионите е Раул Гонзалес со 71 гол. Меси има 56 и го дели второто место со Руд ван Нистелрој, меѓутоа само Аргентинецот е активен играч во моментов. Во оваа статистика не влегуваат головите постигнати во квалификациите за Лигата на шампионите.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov