Европското првенство ќе се игра низ цел континент PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 08 Декември 2012 04:18   

 

Она за што веќе еднаш пишувавме ќе стане реалност откако извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА) потврди дека Европското првенство во 2020 година ќе се одржи во повеќе земји. Оваа вест на медиумите им ја пренесе генералниот секретар на УЕФА Џани Инфантино, кој додаде дека на пролет 2014 година ќе бидат познати и градовите-домаќини.


„Во 2020 година се навршуваат 60 години од првото европско првенство. Одлуката на завршницата да настапат 24 репрезентации го прави уште потешко и помачно исполнувањето на условите за домаќини, ако тоа е во една или две држави. Решението што го донесовме се однесува само на првенството во 2020 година, а не засекогаш. Овој процес е отворен. Идејата за оваа промена на турнирот беше на претседателот Мишел Платини. Проектот им беше даден до знаење на сите наши федерации уште пред финалето на ЕП 2012. Се консултиравме со сите наши 53 членки, чиј одѕив беше многу позитивен. Тоа не натера да пристапиме кон дејствување и да ја прифатиме идејата. Единствената федерација, која не го поддржа проектот беше турската“ заврши Инфантино.


Засега не е дефинирано кои градови ќе бидат кандидати за домаќини, но своите желбите веќе ги истакнаа престолнините на Ирска, Велс и Шкотска, а допрва треба да бидат разработени техничките детали и да се излезе со конкретни предлози, структурата на турнирот, календарот и други подробности.


Иако поради зголемениот број на учесници, 24, Македонија не е во потесниот круг на земји каде би можело да се играат натпреварите, но затоа пак „Вембли“ е кандидат за одигрување на финалниот меч на европскиот шампионат во 2020 година.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov