Фергусон го пофали Мурињо PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 04 Декември 2012 02:59   

 

Славниот менаџер на Манчестер Јунајтед, шкотланѓанецот сер Алекс Фергусон, јавно го пофали својот голем ривал, Жозе Мурињо, изјавувајќи дека португалецот може да го води секој клуб во светот и е достоен за негов наследник на „Олд Трафорд".


- Тој е способен да биде тренер на апсолутно секој клуб. Никогаш не сум верувал дека момче кое не играло фудбал би можело да стане топ тренер. Но, погледнете ја неговата личност. Тој има прекрасна силна личност и тоа му помага, изјави 70-годишниот стратег и додава:


- Се сеќавам на неговата прва прес-конференција во Челзи и си помислив: „Господе, овој е арогантен кучкин син". Им рече на своите играчи: „Гледајте, јас сум специјален, не губам натпревари". По ѓаволите, тој е млад, доаѓа во Англија и вели дека е специјален. Но, тоа беше знак за фудбалерите дека треба да веруваат оти ќе триумфираат во првенството, продолжува сер Алекс, кој е на чело на Јунајтед од далечната 1986 година.


Легендарниот Шкотланѓанец призна дека со Жозе Мурињо го врзува срдечно пријателство и открива:


- Кога доаѓа во мојата канцеларија, тој може да прифати секоја шега на негова адреса, ете затоа ми се допаѓа. Го отепувам од шеги, а тој се смее. Не верувам дека контроверзниот имиџ му пречи на Жозе. Тој знае дека се важни резултатите, заклучи Ферги.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov