Втора пензија за Шумахер PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 27 Ноември 2012 00:17   

 

Легендарнит Ф1 возач, германецот Михаел Шумахер по втор пат во својата кариера заминува во пензија.


Седумкратниот светски шампион остана задоволен после финалето во Бразил, откако и покрај тешкотиите на почетокот, успеа да заврши седми во својата последна Гран при трка.


"Тоа беше еден убав крај на една долга историја. Натпреварот ме потсети на 2006 година, кога ги имав истите проблеми. Тогаш пукна гума и се најдов на опашката на колоната. Не се предадов и успеав да најдам место во зоната за поени. Се гордеам многу со Себастијан. Неговата трка пак ме потсети на мојата титула во 2003 година. Тогаш ги имав истите потешкотии, но на крајот победив со еден поен.


„Шуми“ е добар пријател и со новиот владетел на најбрзиот авто-мото циркус, Себастијан Фетел: „Себ ми е добар пријател и многу се радувам за него", изјави седумкратниот прват во Ф1 шампионатот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov