Буфон и Касилјас повторно најсериозни кандидати за признанието најдобар голман PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 21 Ноември 2012 01:30   

 

Светската фудбалска федерација (ФИФА) И ФИФПро ги објавија имињата на петте голмани кои ќе конкурираат за наградата најдобар голман во 2012 година кој ќе се најде во тимот на годината кој традиционално се прогласува на крајот од секоја година.


Според гласовите на професионалните фудбалери од целиот свет (гласаат повеќе од 45.000 играчи) во изборот за најдобар голман ќе конкурираат Џиџи Буфон од Јувентус, Икер Касиљас од Реал Мадрид, Петер Чех од Челзи, Џо Харт од Манчестер Сити и Мануел Нојер од Баерн Минхен. Сите освен Харт претходно биле во овој потесен круг. Буфон и Касиљас ги освоија шестте последни награди (Буфон во 2006 и 2007, Касиљас од 2008 до 2011).

Следниот чекор на ФИФА и ФИФПро ќе биде кога в четврток ќе бидат познати 20 дефанзивци во изборот за најдобар тим. Потоа на 26 овој месец треба да се објави списокот од 15 играчи за врска, а на 29 ноември ќе бидат познати имињата на 15 напаѓачи кои ќе влезат во изборот. Најдобриот тим ќе биде во формација 4-4-2.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov