Европското првенство 2020 ќе се одржува во 12 европски градови PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 14 Ноември 2012 01:21   

 

Навидум фикс идеата на Мишел Платини за одржување на Европското фудбалско првенство низ целиот континент се чини и не е така неостварлива, па планот за нејзината реализација се одвива со се поголема брзина, откако весникот Билд ги објави деталите.


Популарното германско издание тврди дека за ЕП 2020 натпреварите ќе се играат во 13 градови во различни земји. Исто така во материјалот се посочува дека најверојатно самиот Платини ќе излезе со извештај по ова прашање на заседанието на Извршниот комитет на УЕФА на 7 декември, а во јануари дури може да биде и ратификуван.


- Мишел Платини го изложи овој свој план на една средба меѓу нас двајцата. Но, имајте предвид, дека ништо не е официјално, ако не биде предложено и одобрено од Извршниот комитет на УЕФА, коментираше за весникот Билд претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ГФС) Волфганг Нирсбах.


Билд тврди дека 12 градови - секој во различна земја, меѓутоа ќе бидат предлагани за домаќини на натпреварите во зависност од поставените екипи при ждрепката и дали се пласирале. На турнирот со 24 репрезентации ќе биде земен превид интересот кон најсилните нации. Така на пример 12 екипи, кои се квалификувале за ЕП и нивното место на ранг-листата, ќе имаат предимство при ждрепката и градовите, каде ќе играат. Натпреварите во секоја група ќе се играат во два града. До финалето домаќини на средбите ќе бидат Берлин, Мадрид, Лондон, Лисабон, Рим, Амстердам, Москва, Загреб, Атина, Базел, Париз и Брисел. Единствено финалето ќе се игра во градот, кој не бил домаќин на ниеден натпревар на турнирот.


Следното Европско првенство во 2016 година ќе се одржи во Франција, кога за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации на завршниот турнир.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov