Големото семејство на прерано починатиот Мајкл Џексон се граба за парите, кој кралот на попот ги оставил на сметка по смртта.
Таткото Џо, браќата Џермејн, Џеки, Марлон и Тито, со кои своевремено ја сочинуваа групата Џексон 5, и сестрите Џенет и Ла Тоја цел живот профитирале од неговиот талент и слава. Мајкл ги издржувал и им помагал, но тоа никогаш не им било доволно.
Во моментите кога Џексон престанал да го финансира своето семејство, тие бесчувствително го прогонувале, изнудувајќи му уште пари, а по неговата смрт до денес се уште кројат планови како да дограбаат од неговите милиони.
Само неколку часа по смртта на Џексон, жените од неговото семејство, мајката и сестрите, за една секунда ја заземале целата негова куќа и во вреќи натоварени во комбиња од неа ги извадиле парите и сите работи од вредност. Во тестаментот било напишано дека сакал дел од парите да бидат уплатени во хуманитарни цели, додека остатокот да го земат неговите деца, како и мајката Кетрин, која е назначена за нивен старател.
До полнолетството на децата и смртта на мајката, со средствата ќе располага одбор од правници и луѓе од доверба кои ги одредил Мајкл. На татко му, сестрите и браќата, кои го прогонувале целиот живот, великанот не им оставил ниту еден долар. Семејството на Џексон не можејќи да сфати дека ситуацијата е навистина таква, почнале да кројат планови за да го грабнат богатството. Мајката Кетрин (82) непрекинато извршува притисок правно да го оспори тестаментот на нејзиниот син, а некои од нив дури го окарактеризирале како лажен. Алчноста ги довела до таму што на 14 јули оваа година планирале да го преземат старателството над внуците, а попатно и неговото богатство. Додека бабата била во бања, останатиот клан Џексонови со лага влегле на имотот на кој живеат децата. Најпрво почнале со убаво да ги убедуваат децата да заминат со нив, а потоа продолжиле со пцости, грубости и убедувања за да ги одвлечкаат по секоја цена.
Децата, секако, одбиле, а обезбедувањето интервенирало со полиција. Сепак, Кетрин, која секогаш се обидувала да биде смирена, купила 11 гробни места, па искрено се надевала дека ако ништо друго, семејството барем ќе има каде да почива во мир.
|