Пандев повреден на дуелот со Џенова PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 11 Ноември 2012 23:50   

 

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев доживеа тешка повреда на неделното гостување на Наполи во Џенова.


Имено, популарниот Гоче настрада при еден дуел со противничките дефанзивци во 36та минута, по што две минути подоцна мораше да биде заменет од страна на Инсиње. Во следните неколку дена сигурно ќе има и подетални информации околу тоа за каква повреда станува збор и кога можеме да го очекуваме Пандев повторно да се врати на терените.


Токму играчот кој го замени Пандев, ја осигура победата на Наполи, носејќи му значајна победа на „наполитанците“ по серијата лоши резултати.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov