Видео: Промоцијата на „Мојот блуз“

 

По неколку години блузирање во прозна варијанта во првата кавадаречка колумна, кавадаречкиот блузер Марјан Тодоровски или како што тој милува да се потпишува Марјан Т. на 12 март 2011 го промовираше своето прво дело со поезија со едноставен наслов - „Мојот блуз“.

Во атељето Сокол Арт на неговиот драг пријател Ристо Соколов - Сокол беа присутни пријателите и соработниците на Марјан Т. како и сите оние што нешто значат во кавадаречкиот културен живот кои уживаа во амбиентот надополнет со одбраната музика и секако, стиховите од „Мојот блуз“.

 

Актерот Александар Малинков, ја имаше честа да зборува за ликот и делото, но и да го најави својот долгогодишен колега и пријател Марјан Тодоровски кој на нему својствен начин со само неколку реченици успеа да ги помеша чуствата кај сите присутни со истата онаа леснотија како што си игра со чуствата во песните од неговата книга.


Речиси година и пол потоа, сите кои ја пропуштија и сите кои сакаат уште еднаш да се потсетат на емотивната промоција на „Мојот блуз“ може да ја погледнат во специјалната емисија на Телевизија Тиквешија посветена токму за првенецот на Тодоровски, а во склоп на видеото е и интервјуто кое авторот го имаше за оваа телевизија.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov