Ќе запеат ли Ролинг Стоунси на својата 50 годишнина? |
Напишано од Unevski on Недела, 02 Септември 2012 10:38 |
Славната британската рок-група „Ролингстонс“, која оваа година го слави 50-от роденден можеби есенва повторно ќе излезе на сцена во Лондон и во Њујорк“, објави магазинот „Билборд“.
По повод 50 годишнината на групата организирана е изложба на фотографии, снимен е филм „Crossfire Hurricane“, кој во октомври ќе почне да се прикажува во кината, а потоа ќе го емитува Би-Би-Си. Но, до сега не стануваше збор за концерти, особено по изјавите на членовите на бендот дека годинава нема да настапуваат.
|