Федерер со полесен распоред од Ѓоковиќ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 26 Јули 2012 13:14   

 

Денешната ждребка за тенискиот турнир на Олимписките игри во Лондон оди во прилог на првиот светски рекет, швајцероцот Роже Федерер, но е и на неговиот најголем ривал, србинот Новак Ѓоковиќ кој за да стигне до финалето ќе има серија тешки мечеви.


Ноле стартува против Фоњини од Италија, а доколку го победи во второто коло би требало да се сретне со Енди Родик кој има три финалиња на тревата на која се игра и „Вимблдон”.
Доколку успее да го мине и Родик, второрангираниот светски тенисер потоа би излегол на мегдан со Чилиќ или Хјуит, а доколку нема поголеми изненадувања, тогаш негов ривал во четвртфиналето ќе биде или Милош Раониќ или Жо Вилфред Цонга. Во евентуалното полуфинале тој би играл со Мареј кој во последнивe два месеци игра во пеколна форма.


Најдобриот светски тенисер имаше повеќе среќа при извлекувањето на противниците. Рожер Федерер турнирот ќе го отвори против Алехандро Фалја, па потоа оди на победникот од дуелот помеѓу Бенето и Јужни. На неговата страна од ждребот помеѓу позвучните тенисери е и Вердаско со кој би се сретнал во третата рунда.


Отсуството на Надал значително го отвори патот на Федерер до финалето и освојувањето на единствената титула која во исклучително богата кариера му недостасува на швајцарецот.


На женскиот дел од турнирот, првата носителка Викторија Азаренка за противничка ја доби Ирина-Камелија Бегу, Агњешка Радванска нема да има лесна задача против Јулија Гергес, додека Марија Шарапова ќе го почне атакот на златниот медал со мечот против Шахар Пер.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov