Ракометарите патуваат на СП во Шпанија, кошаркарите ја победија Литванија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 17 Јуни 2012 13:18   

 

Македонија ја живее новата спортска бајка одкако најдобрите македонските ракометари го обезбедија учеството на мундијалот кој следната сезона се игра во Шпанија, а кошаркарите без Гечевски, Антиќ, Меккелеб и Владо Илиевски иако во подготвителен меч ја совладаа силната Литванија.


Нашите ракометари одиграа феноменален натпревар и покрај поразот. Бодрени од околу 1.000 навивачи во виенската сала, избраниците на Шундовски добро го почнаа мечот и успеаа по негативата од 9:6 да се вратат во игра и полувремето да го добијат со 14:13.


Македонија водството го имаше се до 50-та минута, кога Австријците понесени од полната сала фатија резултатски приклучок и успеаа да поведат, но тоа нивно водство во ниту еден момент не беше поголемо од 3 погодоци, а со оглед на тоа што Македонија постигна повеќе од 21 гол, на Австријците им требаше победа од шест погодоци.


Кире Лазаров одигра брилијантен натпревар со само две промашувања од 11 обиди и со 9 погодоци беше најефикасен во нашиот тим. Поддршка имаше од Наумче Мојсоски кој постигна 7.


Кошаркарите пак мечот го решија во последните моменти, кога при нерешениот резултат 69:69 во 37 минута, Предраг Самарџиски со положување реалзираше кош, а Војдан Стојановски постигна тројка и четири пати по ред беше прецизен од линијата за слободни фрлања, за мирен финиш и победа од 78-74.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov