Емил со песна за сите деца

 


Емил Арсов во соработка со неговиот верен подржувач Винчини и детскиот хор „Гроздоберчиња“ снимија песна и видео запис за нивниот заеднички миленик- кравичката Алми.



„Отсекогаш не учеа дека пријателството е многу важно, дека многу значи во какво друштво растеме и кои се нашите другарчиња. Истото ова ние сакаме да го пренесеме на нашите најмили, на дечињата“ изјави Емил за оваа песничка.

Од Винчини велат дека дека Алми е нивното најмало и најпалаво чедо, но сепак многу умно, многу весело и разиграно и дека токму Алми секогаш со својата љубопитност, со своите досетки, неодолив вкус и задоволство прават да Алми е најдобрата другарка на многу дечиња.

И Емил и Винчини се надеваат дека сите деца и малите и оние поголемите ќе уживаат во песничката за Алми и со слатките задоволства од Алми.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov