Наскоро, видео за „Прекрасно е да си дома“

 

 

Billy Zver и Кербер го завршија снимањето на спотот за песната „Прекрасно е да си дома“.

 

Снимањето на песната која се снимаше во Sky eye entertainment на Зоран Алексиќ, се одвиваше на Галичица и на неколку локации во Охрид, а задолжени за тоа беа момците од видео продукцијата „Зати“

 

Видеото е снимено според вистинска приказна, но сеуште нема да откриеме за што станува збор, односно тоа ќе го видиме кога спотот ќе биде пуштен во етер, а сега за сега, додека чекаме на целосната видео приказна, можеме да уживаме во најавата за спотот.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov