Фени им спрема одмазда на „Ѕидарите“ |
Напишано од Unevski on Петок, 17 Февруари 2012 14:10 |
Распоредот во суперлигашкиот дел од најквалитетниот македонската кошаркарска лига е немилосрден за кошаркарите на Фени Индустри.
Два исклучително, тешки и важни натпревари, најпрво против третопласираниот тим на Торус на домашен терен, па гостување кај лидерот МЗТ Скопје. Но Фени е шампион, а шампионот секогаш оди на победа, па така и во овие два натпревари кавадаречкиот тим најавува освојување на четирите бодови.
Но најпрво треба да се совлада незгоднио Торус, кој пред три недели беше подобар од кавадаречкиот тим. Мечот е закажан за во сабота, 18 февруари 2012 година, со почеток од 17 часот. Лозари веќе ја најавија подршката за своите миленици, а време е и вие да им се приклучите на исток. |