ВИДЕО: Ѓоко Танески со спот на македонски и англиски јазик

 

Поларниот студ не го намали силното темпо на работа на момците од Sky eye entertainment . По објавувањето на синглот „Стопи ме“ на Наталија Славева, кој во меѓувреме прерасна во мегахит, време е за промоција на видеото за песната „Ко да не е крај“ или ако повеќе сакате на англиски, „I wanna break it up" на Ѓоко Танески.

 

Еден месец по снимањето на спотот кое се одвиваше во екстремно ниски температури на локации во Скопје и Прилеп, Sky eye entertainment ви нуди двојно задоволство, македонска и англиска верзија на спотот и песната која охриѓанецот ја отпеа минатата година на фестивалот „Охрид фест“.

 

Приказната во спотот за рок баладата на Танески се врти околу млад, заљубен пар, совршено споени со изведбата на Танески пратен од бендот кој го сочинуваат кавадарчаните Петре Ангелов, Ристе Шандаров и Горан Митрев.

 

Уживајте...

 

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov