Видео: Како се правеше новиот хит на Наталија Славева „Стопи ме“

 

 

Нов заразен па-па-парарам ритам веќе една недела се шири од фрекфенциите на со години најдобрата македонска радио мрежа Антена 5 и на најдоброто радио во централна Македонија, Галакси 102,2 фм.

 

Виновникот за новата радио зараза е Зоран Алексиќ и Sky eye entertainment кои стоат зад новиот хит на Наталија Славева, „Стопи ме“.

 

Љубовната балада набрзина ги освои срцата на македонските радио консументи, и додека со нетрпение го очекуваме официјалниот видео запис за песната, момците од Sky eye entertainment не почестија со видео од тоа како се снимаше и подготвуваше „Стопи ме“.

 

Да се гледа како работи Зоран Алексиќ е задоволство, а тоа задоволство сега го имаат многумина. Енергијата, посветеноста и љубовта во неговата работа која ја шири на сите присутни во студиото е неверојатна, па не е ни чудо што македонскиот продуцент е на врвот на најбараните продуценти и тоа не само во земјата.

 

Погледнете зошто:

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov