Александар Мукаетов - кавадаречкиот Шекил О’Нил

 

Доминантен со својот физикус, незадржлив под кошевите, но и центар со мека рака и одлична координација во просторот, Александар Мукаетов веќе неколку години со своите игри се наметнува како исклучително квалитетен играч кој со леснотија може да им парира и на далеку повисоките центри од него.

 

Со неколку клубови зад себе, Мукаетов најголемиот успех го бележи со тимот на Кожув, тим во кој заедно со уште еден кавадарчанец, Диме Баснарков се лидери во освојувањето на првото место во втората македонска кошаркарска лига, со што клубот оваа сезона станува дел од најквалитетното кошаркарско друштво.

 

Покрај ова, во витрините на Мукаетов се и десетици медали, пехари и признанија за освоени турнири во улична кошарка и награди за најдобар играч.

 

Видеото кое се наоѓа под текстот е само мал извадок од она што кавадаречкиот Шекил О'Нил може да го покаже на кошаркарските терени.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov