Јован Радњански „Би поминал низ жар“

 

 

 

Народната „Не оди моме крај брегот“, преточена во „Би поминал низ жар“ e новата песна на Јован Радњански која деновиве се појави во радискиот етер.

 

Станува збор за песна во поп-денс ритам, со микс обработка на старата македонска народна песна „Не оди моме крај брегот". Како автор на музиката и аранжанот се потпишува Јован Радњански, а текстот е на Перо Манев.

 

За оваа песна е снимен и видео запис од страна на Rec Продукција во режија на Џулиани, и истиот го имате во продолжение.

 

Покрај новата песна и спотот, Јован Радњански стана и заштитно лице на македонскиот бренд „Кожувчанка" за чии потреби сними и реклама која за скоро треба да се појави во јавноста.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov