Видео: Розевото прасе на Бџа

 

 

Училишните и професионални ангажмани ја сменија адресата на живеење на Блаже Димитров, но иако одамна не сме го виделе лицето на популарниот Бџа низ кавадаречките локали, сепак речиси сите се сеќаваме на познатата градска фаца, фронтменот на кавадаречка ЦСКА, и момчето кое ја освои Македонија во првото македонско реално шоу „Тоа сум јас“.

 

Познавајќи го Бџа, неговата харизматичност и природа, беше само прашање на време кога и бугарите ќе дознаат за кавадарчанецот кој веќе неколку години е жител на главниот град на нашиот источен сосед.

 

И конечно, на кастингот на новото шоу „Star Machine“ се појави токму тој, Блаже Димитров - Бџа и неговата приказна за розевото прасе со бенка.

 

Погледнете:

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov