Јавно наддавање на локации за изградба на винарии PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 27 Септември 2011 21:22   

 

 

Министерството за транспорт и врски вчера распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на винарии. Имено станува збор за 41 локација кои се наоѓаат долж „Винскиот пат“ во општините Кавадарци, Неготино и Росоман, а целта е привлекување што поголем број домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места. Со изградбата на нови винарии на овие локации, исто така ќе се создадат услови за збогатување на туристичката понуда во овој регион од Република Македонија.

 

 

12 градежни парцели, предмет на овој јавен оглас се предвидени со Урбанистички план за воннаселено место, од кои во Кавадраци се предвидени вкупно 4 локации, а во Ресава каде што има доста земјоделска површина насадена со лозов насад, која пак дава квалитетно грозје, а досега нема ниту една винарија се предвидени вкупно 8 локации каде би требало да никнат мали винарии кои би помогнале во економското заживување на оваа област. 12те Градежните парцели во општина Кавадарци кои се предмет на јавното надавање се со различна површина односно минимална со површина од 1.838 па се до 3.595 метри квадратни.

 

Предмет на јавното наддавање се 8 градежни парцели со намена за изградба на винарии во општина Росоман или поточно во Паликура. Парцелите се со минимална површина од 2.150 па до 2.406 метри квадратни. Најмногу градежни парцели, односно 21 се во општина Неготино, од кои 11 се предвидени со детален урбанистички план за во околината на селото Курија или поточно 5 во  м.в Белуите и 6 во м.в Црвена Чука. Останатите 10 градешни парцели на територијата на општина Неготино предвидени за изградба на мали винарии се во Црвени брегови со 6 парцели и 4 во КО Неготино. Најголемата винарија според овој јавен оглас ќе никне во општина Неготино во близина на селото Курија, каде е предвидено да се изгради винарија на градежна парцела со површина од 5.910 метри квадратни. Минималната површина на градежните пацели кои се предмет на јавниот оглас во општина Неготино е со минимална површина од 1.520.

 

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk, за парцелите во Кавадарци на 4 ноември, а за тие во Неготино и во Росоман на 8 ноември. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен.

 

Право на учество во јавните наддавања имаат физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни лица регистрирани во Централен  регистер на Република Македонија.

 

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање во писмена форма, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, во посебен плик за секоја градежна парцела,  комплетирана со следните документи приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар):

 

1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на пријавата (кои документи);

2. Доказ за платен депозит; кој изнесува 10 % од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно

3. За физичките лица уверение за државјанство;

4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистер;

5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице и

6. e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

 

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени. Пријавите за учество на јавното наддавање за земјиштето во општина Росоман може да се достават најдоцна до 27.10.2011 година, за општина Кавадарци до 26.10.2011 година, а за општина Неготино најдоцна до 28.10.2011 година.

 

Владата на Р.М уште сега најавува дека во следниот период е предвидено распишување на нови објави за отуѓување на локации наменети за изградба на винарии по пат на јавно наддавање.

 

 

Трајче Илиев - Телевизија Тиквешија

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov