Darky man ft. Наталија Славева: Чувај ме

 

Кога скршеното срце пишува текст за најтажната животна приказна, а болката од душата тивко се всадува во музиката чиј ритам го диригираат солзите на детето кое веќе пораснало, чуствувате како секое влакно ја победило гравитацијата и додека се борите со кнедлата која запнала некаде во вашето грло во мислите го гледате оној стар филм на кој сеуште плачете...



Луѓето велат дека најдобар начин да се ослободите од силната болка е да ја отворите вашата душа и да го раскажете сето она кое што го криете длабоко во себе, а токму тоа го прави кавадаречкиот рапер Darky man, во автобиографскиот синл „Чувај ме“, посветен на неговиот татко, кој по секое преслушување станува се повеќе лично наш, со ликови кои некогаш биле дел од нашата реалност, а сега се некаде помеѓу ангелите кои не чуваат.

Срцепарталниот текст на Darky, емоционалната изведба на рефренот на младата Наталија Славева која дели слична судбина со креаторот на песната, склопени од музичкиот генијалец Snoopy MC надополнет со визуелната приказна режирана од Sky eye entertainment дефинитивно нема да остават никого рамнодушен.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov