Алберто го победи Дуро |
Напишано од Unevski on Понеделник, 12 Септември 2011 13:51 |
На големо неверување на кавадарчани, Дуро ја загуби трката со магариња.
Се поатрактивната трка со магариња и оваа година привлече големо внимание, пред се поради Дуро кој и оваа година беше во центарот на вниманието на медиумите, пред се поради неговите говори и потези.
Но иако господинот Дурев беше фаворит за сите, сепак победата му припадна на Алберто Јовановски и неговото магаре први ја поминаа целта.
Наградите на најдобрите им ги врачи градоначалникот на Општина Кавадарци, господинот Александар Панов.
|