Книгата „Разминување“ промовирана во Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 21 Август 2011 02:10   

 

 

Вчера се одржа промоцијата на книгата „Разминување”, поезија од Светлана Митрева. По 16 години поминати во Германија, во градот Хајделберг, Митрева оваа година се врати со нејзиното првенче кое синоќа беше претставено пред бројна публика во винската куќа во градскиот парк.

 

Промоцијата започна со впечатливо интерпретирање на песната „Мојот свет е мал” од страна на актерот Александар Малинков, а критички осврт кој книгата даде Тодор Кузманов, новинар во Македонско радио и театарски критичар. Понатаму на промоцијата, со своја рецензија кон публиката се обрати и Вероника Костадинова.

 

Промоцијата заврши со обраќање на авторката кон публиката при што таа со интерпретирањето на песната „Птиците летаат на југ, а јас на запад”, посветена на нејзината мајка, означувајќи го почетокот на нејзината следна книга.

 

Пишаниот збор на Митрева беше мотив уметникот Ристо Соколов – Сокол за време на промоцијата да создаде уметничко дело кое отиде во рацете на авторката.

По завржувањето на промоцијата, редица од граѓани чекаа посвета и потпис од Светлана Митрева во нивните книги.

 

Стефанија Темелковска - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov