Два гола на Шиков за победа на Волин

 

 

Одкако во минатото коло се најде во идеалниот тим, во последниот меч за својот нов тим, македонскиот репрезентативец, кавадарчанецот Ванче Шиков ги постигна и првите два погодоци во дресот на украински Волин.

 

На мечот против Александрија, нашиот стопер на два пати ја погоди мрежата, и тоа на самиот старт на двете полувремиња, најпрво во 6-тата минута кога по еден корнер мошне вешто се снајде во противничкиот петерец, и во 54тата минута кога од слободен удар упати вистинска бомба поставувајќи го конечниот резултат, Волин - Александрија 3-0.

 

Со оваа победа, Волин се искачи на 5тата позиција во украинскиот шампионат.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov