Еминем станува боксер |
Напишано од Unevski on Недела, 14 Август 2011 01:29 |
Славниот рапер Еминем ќе се појави во остварувањето „Southpaw“, во кој ќе игра улога на бивш боксер кој се обидува ја врати славата.
По успехот на филмот „Осум милји“, Еминем уште еднаш ќе се појави на големото платно, и тоа во улога на бивш боксер, која исто така е инспирирана од детали од животот на познатиот рапер.
Приказната говори за популарниот боксер кој се соочува со трагедија, после што се обидува повторно да се врати на врвот и да обезбеди добар живот за себе и за својата ќерка. Снимањето требаше да почне во јануари следната година, но, продукциската компанија „Дримворкс“ се откажа од проектот, така што точниот датум на почеток на снимањето сеуште не е познат. |