Домаќинките ќе „очајуваат“ до 2012 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 06 Август 2011 16:46   

 

 

 

Како што веќе најавивме, се снима последна сезона од серијата „Очајни домаќинки“. Телевизиската мрежа „ABC“ одлучила да ја прекине серијата откако ќе заврши осмата сезона, а последната епизода од серијата во Америка ќе се емитува во мај 2012 година. 

 

Главните актерки Тери Хатчер, Фелисити Хофман, Мариса Крос и Ева Лонгорија биле многу разочарани и во шок поради фактот дека нема повеќе да се снима серијата која имала над 120 милиони гледачи во светот.

 

Очекувањата биле барем уште една сезона, бидејќи се прогнозирало дека „Очајни домаќинки“ ќе траат до 2013 година.

 

Од премиерата на шоуто на 3-ти октомври 2004 година, серијата стана хит. Доби неколку „Еми“ награди и во периодот од 2006 до 2010 година стана една од најгледаните серии во светот. Била емитувана дури во 68 земји со просечно околу 51,6 милиони гледачи




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov