Наоми Кембел ќе се мажи PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 03 Август 2011 23:07   

 

 

Наоми Кембел подготвува свадба и наскоро планира да се мажи за нејзиното момче Владимир Доронин.

 

Славната манекенка со нејзиното момче, кој е познат руски богаташ, свршувачката ја прослави на одмор во Грција. На островот Крит двојката организираше спектакуларен огномет вреден 50 илјади долари за да ја одбележат својата одлука за запловување во брачните води.

 

„Наоми блескаше и беше искрено возбудена. На сите гости во хотелот им велеше дека дошло време за прослава на нејзината мала тајна. На раката имаше огромен прстен, а сите забележаа колку е среќна и возбудена, огнометот го гледаа сите гости“, раскажал неименуван извор.

 

Црномурестата убавица претходно во една прилика изјави дека сака силни и одлучни мажи.

 

„Сакам да бидат силни, навистина да носат панталони. Сакам точно да знаат што сакаат и што прават и тие да ми кажуваат што да правам, а не јас да им кажувам. На Владимир никогаш не би можела да му наредувам“, изјави Наоми.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov