Последниот „Хари Потер“ очекува над милјарда долари PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 31 Јули 2011 15:02   

 

 

Второто продолжение на “Хари Потер и Реликвиите на смртта“ е на пат да стане прв филм од серијалот за Хари Потер кој ќе ја мине сумата од заработени една милијарда долари.

 

Фановите на Хари Потер навистина сакаа (емотивно) да се збогуваат со својот херој, додека Warner Bros, (не многу емотивно) им ги собра парите, бидејќи билетите за филмот во 3Д кино салите и не беа воопшто евтини.

 

Осмиот филм од серијалот за Хари Потер до четвртокот во САД имаше заработено 296 милиони долари, додека во остатокот на светот 630 милиони долари, односно вкупно 926 милиони долари од премиерата на 13 јули.

 

Кога ќе ја заработи милијардата, второто продолжение на “Хари Потер и Реликвиите на смртта“ ќе влезе во клубот од осум други филмови "милијардери".




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov