Стоби 2011 ја спушти завесата |
Напишано од Unevski on Недела, 31 Јули 2011 14:43 |
Со претставата „Последните македонци“ на Драмскиот театар од Скопје синоќа (сабота) беше спуштена завесата на овогодинешното издание на фестивалот на античка драма, Стоби 2011.
Билјана Беличанец-Алексиќ, Биљана Драгичевиќ-Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов ни донесоа уште едно театарско доживување на претставата која има многу интересен концепт базиран на македонски песни, со голема доза на комичност измешана со пародија која на моменти граничи со црн хумор.
Режисерот Владен Александров ја доби наградата за Најдобра режија, актерката Јелена Жугиќ ја освои наградата за Најдобра женска улога, а на Рубенс Муратовски му припадна наградата за Најдобра машка улога. Така одлучи тричленото жири, со кое претседаваше Марушка Гејмаер Облак, заедно со Бедија Беговска и Братислав Димитров.
www.kavadar4e.com беше на овој настан, па еве што забележа нашата камера
|