Нова жртва на патот Градско - Прилеп PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 28 Јули 2011 21:47   

 

Во раните утрински часови на 28 јули, поточно во 1 часот по полноќ  на патниот правец Росоман –Градско кај плантажите на „Душан Кириќ“ во Росоман се случи тешка сообраќајна несреќа.

 

Во судир на две моторнио возила  „Лада Самара“ со прилепски регистарски таблички и „Фиат Пунто“ со  битолска регистрација, животот го загуби едно лице. Како што дознаваме станува збор за лицето кој ја управувал Ладата чија смрт е констатирана од медицинска екипа на лице место. Епилогот на ова несреќа е дополнет со повредите на четворица патници кои што се наоѓале во пунтото, кои по интервенција на Територијалната против пожарна единица од Кавадарци  лицата се извлечени од патничкото возило - не информира Илија Богевски од ППТЕ на Кавадарци.

 

Ова не е прв пат да се случуваат тешки сообраќајни несреќи на овој патен правец. Излезот треба да се бара во изградба на трета коловозна лента на делницата Градскко – Прилеп што е најавено од Министесртвото за транспорт и врски.

 

Ристе Самарџиев - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov