Вискито и хероинот во Белград кобни за Вајнхаус PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 25 Јули 2011 19:07   

 

 

 

Британскиот таблоид „Дејли мирор“ објави дека Ејми Вајнхаус повторно западнала во смртоносната спирала на дрогата и алкохолот по кавгата со своето момче Реџ Тревис(34) кој ја затекол во телефонски разговор со нејзиниот поранешен сопруг Блејк Филдер-Сивил, кој е во затвор поради кражба.

 

Реџ открил дека Ејми и Блејк разговарале и тоа го вознемирило. Тие се испокарале и Реџ си отишол. А Ејми од ден на ден се повеќе пиела виски.

 

Пред катастрофалниот настап во Србија пејачката и нејзиното друштво поделиле девет шишиња „Џек Дениелс“. Одлучила да игра руски рулет со својот живот - вели извор за „Дејли меил“.

На нејзиниот последен концер во кариерата на белградскиот Калемегдан, Ејми на 18 јуни ја почна 36-минутната мисија на самоуништување, преполна со кокаин, хероин и виски.

 

Нејзиниот цимер Тајлер Џејмс не нашол проштално писмо покрај креветот во кој лежела мртва.

-Мислам дека зела преголема доза на хероин бидејќи веќе не и беше важно дали е мртва или жива. Ејми не сакаше да умре во анонимност, да исчезне а да не направи подобар албум од „Back to Black“ - вели извор за „Дејли меил“




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov