70000 луѓе влегле во спомен куќата на Тоше |
Напишано од Unevski on Понеделник, 25 Јули 2011 18:55 |
Пред точно три месеци, на 25-ти април, на втор ден Велигден, е отворена Спомен куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево.
Директорката на Спомен куќата Каљопи Бојческа, појаснува дека секојдневно доаѓаат посетители од целиот свет, а досега Спомен куќата ја посетиле околу 70 000 гости.
- Куќата на нашиот Тоше е отворена за сите посетители, за сите негови фанови. Доаѓаат, донираат, се потпишуваат на ѕидот наменет за нивните пораки. Доаѓаат групи, некои остануваат по час и повеќе, ги разгледуваат сите делови. Децата донираат играчки, токму она што Тоше го добиваше на концертите. Подоцна тие играчки ќе бидат донирани на некој од Домовите за деца без родители. Некои фанови оставаат фотографии, вели Бојчиноска.
На ѕидот, посетителите, најчесто го пишуваат она што им го велеше Тоше: Ве сакам сите, а тие:Те сакаме Тоше.
Во музејската поставка се околу 600 предмети кои семејството на Тоше несебично ги отстапи, а во иднина поставката ќе се збогатува. |