Високите температури штетни за срцето PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 23 Јули 2011 13:26   

 

 

Во преполната сала на Општина Кавадарци, во петокот, 22.07.2011 година во организација на општинската организација на Црвен Крст - Кавадарци и специјалната болница „Филип Втори“ од Скопје се одржа трибина на тема „Кардиоваскуларните заболувања како последица на високите температури“

 

По воведното обраќање на претседателот на Црвениот крст, господинот Димитар Каракулев, следуваше поздравен говор од градоначалникот Панов, а по него исцрпното излагање на претставникот од специјалната болница „Филип Втори“ кој ги посочи најчестите дијагнози на кардиваскуларните заболувања предизвикани од високите температи и начините како да ги избегнеме истите, како на пример да изгбегнуваме работа на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да ги корисиме клима уредите, да јадеме здрава храна и што повеќе да конзумираме вода.

 

По кратката дебата, граѓаните имаа можност да стапат во контакт со претставниците од „Филип Втори“ и подетално да се информираат за се она што нив ги интересираше.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov