Додворување PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 22 Јули 2011 00:21   

 

 

Влегува господин во неговиот омилен ресторант и седнува на неговата омилена маса. После мало разгледување забележува млада убава жена како седи сама. Го вика келнерот и му вели да и однесе на младата дама шише од најубавото и најскапото вино. 

 

Господинот е уверен дека ако го прифати виното го очекува долга и возбудлива ноќ. Келнерот го носи виното и и вели:

- Ова вино е од господинот што седи на онаа маса.

 

Жената ладно го гледа шишето и одлучува да му испрати порака на господинот. Припремува парче хартија и му ја дава на келнерот. На хартијата пишува: „За да го прифатам виното кое многу љубезно ми го понудивте морате во гаражата да имате Мерцедес, 1 милион евра во банка и во гаѓите да имате 20 сантиметри!"

 

Господинот ја чита пораката и одговара на истиот начин: „За да ја исполнам вашата желба би можел да ги продадам Ферарито и Ламбурџинито па дури и мојот Ролс-Ројс за во гаражата да ми остане само Мерцедес SLR. Би можел да инвестирам, па дури и да поклонам 19 од 20те милиони евра што ги имам во банката, но за ништо ама за ништо на светот па дури ни за убава дама како што сте вие не би отсекол 5cm од тоа што го имам во гаќите! Затоа бидете љубезни и вратете ми го моето вино!"




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov