Завршува летниот камп на Креактив PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 21 Јули 2011 19:24   

 

 

Летниот камп кој секоја година традиционално се организира од младинскиот центар Креактив оваа година се одржува на Моклишкиот манастир Свети Никола. 

 

Таму 28 осум млади активисти од земјава и странство работат на подобрување на своите лидерски вештини преку неколку активности и предавања организирани од ГЛОУ клубот за женски лидери. Кампувањето во конаците на манастирот и зелената природа ќе трае 4 дена, во кои што освен тоа што младите активисти ќе се дружат помеѓу себе, секојдневно ќе одржуваат кратки предавања посветени на екологијата и еколошката свест, двапати во денот имаат вежби за самоодбрана, многу друштевени игри, а вчера односно дента кога ние ги посетивме во тек беше часот по преживување во природа за која специјално имаше покането стручно лице од Свети Николе.

 

Времето за нашата посета беше кратко, а младите кампери од Креактив неможеа да ни раскажат се што направиле и планираат да направат. Со воодушевување ни раскажаа и за вечерните часови кои исто така се исполнети со многу разнообразни активности,  вечерта пред нашето пристигање била посветена на драмата, односно драмска вечер на која сите активисти аматерски глумеле односно изведувале скечеви од К-15, а вечерта пред тоа била филмска вечер.

 

За последната ден од нивното кампување односно вечерва веќе неколку дена се подготвуваат и собираат дрва, планираат да запалат логорски оган околу кој би се собрале сите, да засвират гитара а странците кои се од Холандија и Франција да испеат по некоја македонска песна.

И на самиот крај како што им ветивме ќе им се заблагодариме од нивно име на сите спонзори коои им помогнаа во организирањето на овогодинешниот летен камп Креактив - Mоклиште 2011.

 

Трајче Илиев - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov