Два нови пожари во Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 21 Јули 2011 19:18   

 

 

Сеуште не е доизгаснат пожарот на витачево, а во Општина Кавадарци вчера избувнаа два нови пожари. 

 

Според информацијата што денес ја добивме од територијлна противпожарна единица при локалната самоуправа, големиот пожар кој веќе неколку дена беснее на висорамнината Витачево сеуште е под контрола на противпожарникарите и службите на ЈП Македонски Шуми - Подружница Кавадарци.

 

Благодарение на нивната брза интервенција но и стручноста при реагирањето овој пожар кој избувна во неделата беше успешно локализиран и веке 4тири дена е под контрола, и нема голема можност за негово повторно разгорување.

Дел од групите кои учествуваа во неговото локализирање вчера односно синоќа беа повлечени во градот каде што исто така имаше потреба од интервенција на две локации каде што поради невнимание избувнаа два пожари во непосредна близина на Градското урбанизирано подрачје. Гореше сувата тревна површина во близина на хотелот Фени, и еден дел од градскиот парк над спортската сала Партизан во близина на споменикот на Методија Џунов Џико.

 

Ваквите пожари во близина на урбаниот дел на градот представуваат вистинска опасност, велат стручните лица, и сега за сега само благодарение на брзата реакција на ТППЕ нема настанато некоја поголема материјална штета.

 

Од таму апелираат за поголема внимателност на граќаните затоа што долгиот топлотен бран со високи температури и периодот на суша што ја зафати нашата земја створија одличнен терен и услови за избувнување на пожари на кој и ветерот кој дува деновиве му е сојузник.

 

 

Трајче Илиев - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov