Мажи vs Жени PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 18 Јули 2011 23:46   

 

 

Отишле четири другарки на годишен одмор и наишле на хотел на кој пишувало „Само за жени“.

 

Ги заинтересирало што има таму па влегле на рецепција и прашале, а рецепционерот им објаснил дека овој хотел е со пет ѕвезди и со пет катови и дека секоја може да најде нешто што и се допаѓа во овој хотел.

 

Тргнале жените на први спрат кога таму пишувало „Овде има само мажи со кус и тенок“. Жените само се погледнале и едногласно решиле да одат на втор спрат.

 

Кога таму наишле на плаката „Овде има мажи само со кус и дебел“. Пак се погледнале и замавнувајќи со главите решиле да одат и на трети спрат.

 

Кога се качиле таму виделе плаката „Овде има мажи со долг и тенок“. Се погледнале ама сепак решиле да одат на четврти спрат кога таму имало плаката „Овде има мажи со долг и дебел“.

 

Се насмевнале сите среќни ама сепак се решиле да видат што има и на петти спрат. Кога се качиле виделе плаката на која пишувало „Овде нема мажи. Овој спрат е направен само да докаже дека на жена нема погодувачка“




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov