Бербата на праските во полн ек PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 15 Јули 2011 18:47   

 

 

Богат род на праските и добри цени. Вака би можеле да ја оцениме годинашнава берба на ова овошје кое станува се поактуелно.

 

Сега се наоѓаме во меѓупериод кога зреат две различни сорти. Поминува технолошката зрелост на „Ерле“ и „Кардинал“ а доаѓа „Редхевен“ и буквално нема голема количина праски. Оттаму она што се нуди на пазарот е малку и скапо. Меѓутоа, договорените количини нормално се пласираат и нема поголем проблем.

 

Дневно од подрачјето на Росоман за извоз заминуваат од 50 до 70 тони праски. Цената во моментов изнесува 30 и 32 денари за килограм. Податокот дека годинава на ова и на подрачјето на Кавадарци никнаа неколку ладилници каде се складира праската и чека подобра цена и подготовка за пласман, доволно зборува за ориентираноста на земјоделците кон нејзино одгледуваање. Потрошувачите особено големите маркети од Македонија и бившите ЈУ простори, со свои ладилници доаѓаат овде и директно ја набавуваат праската .

 

Марјан Димитров - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov