Кралот на џезот, Владимир Четкар во Pub Blue PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 15 Јули 2011 18:39   

 

 

Патот од Охрид преку музичкиот колеџ Беркли до врвот на светската џез-соул и фанк сцена  ни навидум не е лесен. Несомнено, треба да сте многу повеќе од музички виртуоз за да бидете во друштво на првенците од њујоршката џез сцена која важи за колевка на овој музички правец. Позитивните критики од најголемите имиња и критичари на светската џез сцена само ја потврдија големината на Владимир Василевски - Четкар, промовирајќи го младиот охриѓанец во идниот креатор на џез правецот.

 

 

Големи светски сали, култни локали низ метрополите ширум светот, во кои сеуште се чуствува духот од настапите на признати светски џезери, со гордост во своите биографии ги ставаат настапите на Владимир Четкар, среќни што македонецот бил нивен гостин.

 

Од сабота (23.07.2011) и нашиот култен локал, Pub Blue ќе влезе во друштвото на ретките локали во светот кои можат да се пофалат дека на репертоарот го имале целовечерниот концерт на Четкар. Во рамки на својата мини турнеја низ Македонија, кавадарчани ќе имаат ретка можност да уживаат во џез магијата на Четкар и неговите пријатели, кои патем го сочинуваат врвот на македонската џез сцена.

 

Затоа што ова е дефинитвно уште еден голем настан кој ќе остане длабоко запишан во историјата на културата на Кавадарци, www.kavadar4e.com и Pub Blue од денес па до сабота, секојдневно ќе ви понудат по едно видео од настапите на нашиот ценет гостин, Владимир Василевски Четкар.

 

 

За почеток, видео со исечоци од настапот на Четкар во култниот њујоршки локал, Blue Note... Уживајте

 

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov