Анти-новинарска приказна PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 07 Јули 2011 00:33   

 

 

Почитувани новинари и сите што се чуствувате така. Одамна се изјаснив дека не сум новинар, ниту пак се чуствувам така, па ве молам овој текст да не го сметате за нарушување на вашиот медиумски мрак кој со години го градевте со вашите бедни и продадени текстови. Се надевам дека еден ден на вашите места повторно ќе дојдат професионалци кои ќе го вратат угледот на вашата професија кој го продадовте за стотина евра под рака.

 

Го заслужија најавниот дел, иако сеуште немам завршено со нив. Не дека не сакам да завршам, само мразам краеви. И почетоци. Велат секој почеток е тежок, така и овој. Не затоа што нема за што да пишувам, туку затоа што не знам за што попрво да почнам да пишувам. Кој ми е крив што почнав еднаш месечно да пишам, ама ајде, ќе пробам да искоментирам што повеќе работи.

 

Да почнеме со ред. Насмеаните ликови од недоизвадените плакати потсетуваат дека пред само триесетина дена имавме избори. Но машините кои останаа да ни ги асфалтираат кавадаречките улиците и по објавувањето на изборната победа некако ме оставија збунет. Да не има некоја нова изборна кампања, а јас да не знам? Не, не дека ми е за пенкалцето и локумот, туку онака може ќе ни го оградат недоправениот дел од плоштадот, колку да не паѓат бабите и дедовците, или па ќе ја закиснат дупнатата фонтана која требаше да го разубави центарот...

 

Центарот, да центарот беше дел од многу случувања во овој чуден јуни. Еден од нив се протестите за полициската бруталност. Исклучен од политичките коментари, не ни помислив да коментирам ниту за убиството во Скопје. И немаше ни да коментирам, но случајно наидов на еден текст на кој сакав да давам свој осврт, но во последен момент се предомислив, па ќе поставам неколку прашања: зошто никој не протестираше против полицијата во 2001 кога многумина од протестантите се криеа по села и планини, зошто никој не протестираше кога кавадаречката младина беше брутално изнатепана во Охрид, зошто никој не испадна да му даде подршка на родителите на ромчето кое „почина“ во затвор. Одговорот е едноставен, нели... Факултетите - во првиот момент кога татко ми ќе ја добие заслужената пензија загубена некаде во транзицијата, и нема да чека на мојата бедна илјадарка за цигари, заработена без диплолмата која не ја добив во Битола затоа што морав да се вратам дома, ќе бидам првиот кој ќе замине на некој подобар факултет. За крај, еден пријателски совет, престанете со фалбите, време е да им се спротиставете на вашите уредници и направете вистински прилог со реални факти, а ако немате доволна инспирација можете да ги препрочитате минатите изданија, каде што пишував за квалитетот на дисперзираните студии, сигурно ќе најдете нешто за поттик.

 

А, да ќе заборавев, благодарам за комплиментот, знаеме дека сме добри организатори на настани, затоа што невладините во Кавадарци се можеби единствените кои покрај музичарите може да донесат толку младина на градскиот плоштад. Ок, знам дека некој и во спортот, дружењето и забавата препозна политика, но тоа е веќе професионална деформација на секој лепач на плакати и тука нема спас.

 

И додека агрегатот не ми откажал верност да почнам да привршувам. Закоравените патриоти и ова лето ќе ги окупираат плажите јужно од егејска Македонија вооружани со гајба патлиџани, инспекторите најверојатно повторно нема да ги посетат руинираите маалските кафани кои моментално се тренд за пијанчење до коска, ама затоа нема да пропуштиме со блузерот уште еднаш да го изнервираме еден од највозрасните кавадаречки „новинари“ со нашите намќорестите текстови.

 

До наредното читање,

имајте убаво лето

 

П.С. Значи за да нема забуни, тужби, частовки, уцени, закани. Сите личности, ликови, ситуации, администарции, организации и слични на нив се измислени освен оние за кои се пишува добро. Сите сличности со лица од кавадаречкиот свет се ненамерна коинциденција.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov