Ноле покажа зошто е број 1 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 03 Јули 2011 18:10   

 

 

 

Новак Ѓоковиќ е победник на неофицијалното светско тениско првенство Вимблдон во машка конкуренција.

 

До најпосакуваниот трофеј во светот на тенисот, Србинот Ѓоковиќ стигна со победата над Рафаел Надал. Попладнево во машкото финале на Вимблдон, вториот носител Ѓоковиќ го совлада Надал од Шпанија (1) со 3:1 по сетови 6:4, 6:1, 1:6 и 6:3.

 

За 24-годишниот Ѓоковиќ ова е прв триумф на Вимблдон, а вкупно трет трофеј на Гренд слем турнирите, по двата освоени на Астралија Опен во 2008 година и годинава.

 

Досега овие тенисери одиграле 28 меча, а Надал и натаму е поуспешен со скор од 16 победи и 12 порази. Сепак, годинава Надал ниту еднаш не успеа да го совлада Ѓоковиќ, кој сите пет сезонски соочувања успеа да ги добие во финалните мечеви од Мастерс серијата во Индиана Велс, Мајами, Мадрид и Рим, како и денешниот во финалето на Вимблдон.

 

Од утре официјално Ѓоковиќ ќе го превземе приматот „светски рекет број 1“ од својот денешен противник и најголем конкурент Рафаел Надал.

 

Во вчерашното женско финале, чешката тенисерка Петра Квитова ја совлада Марија Шарапова.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov