Кавадарци во првите градови кој ќе добие дете правобранител |
Напишано од Unevski on Недела, 26 Јуни 2011 11:40 |
Викендов во Охрид се одржа дводневен семинар за заштита на детските права организиран од коалицијата на младински организации „Сега“, кој е дел од проектот „Имплементирање на Конвенцијата за Правата на детето во Македонија“ кој се спроведува и во Кавадарци од здружението на граѓани „Зона“ членка на коалицијата.
Проектот што покрај Охрид ги опфаќа уште и Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Ресен, Битола, Прилеп, Кавадарци, Штип, Гевгелија и Виница има за цел да се анализираат состојбите во основните и средните училишта за тоа колку децата ги знаат своите права, дали и колку учествуваат во креирањето на одлуките на Советите на наставници и родители, дали се забележани појави на нарушувања на нивните права на говор, изнесување на став и мислење, право на слободно изразување и критикување на одредени состојби, потоа колку се почитуваат ставовите и мислењата на децата и слично.
Акцент во работата на семинарот беше ставен врз еветуалните потреби на децата за воведување институција дете-правобранител во основните и средните училишта, што би ги штител и застапувал правата на децата во образовните институции.
Во работата на дводневниот семинар во Охрид учествува заменикот Народен правобранител Невенка Крушаровска, која пред учесниците на собирот ќе зборува за правата на децата и потребата од спроведување на институцијата дете – омбудсман во училиштата, потоа претставници на Коалицијата на младински организации „СЕГА“, како и наставници, директори, психолози и социјолози од основни и средни училишта од Кавадарци (гимназијата „Добри Даскалов“ и основното училиште „Тошо Велков - Пепето“), Прилеп, Тетово, Дебар и Куманово во кои од информациите од терен постои најголем интерес за спроведување на проектот за институционализирање на дете – омбудсман во училиштата.
Инаку, поширокиот проект „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето“ е финансиски поддржан од швајцарската фондација „Детската фондација Песталоци“.
|