Слаткар и Тони Зен стануваат актери |
Напишано од Unevski on Понеделник, 13 Јуни 2011 14:50 |
Слаткаристика и Тони Зен за прв пат ќе се појават во филм, кој наскоро ќе ја доживее својата премиера, соопштува Стерео Рекордс.
Станува збор за филмот „Максим“ во режија на Кирил Трајковски, сниман на три клучни локации, Македонија, Индија и Бугарија. Приказната обработува една животна приказна на млад човек, преку неговите реални случувања во животниот тек зачинети со нереални настани на главниот лик Максим. Интересно е тоа што во филмот Слаткар се игра себе си, а Тони Зен е во споредна улога.
Во новиот спот на Тони Зен за песната „Скокај“ од албумот „Во мој стил“, кој излегува денеска и ќе биде ексклузивно промовиран во естрадниот магазин „Бекстејџ“, има сцени од филмот „Максим“.
Видео записот за „Скокај“, за која што Тони Зен соработуваше со Аце НЛ, Сиги и Кацар (Токсикологија) e првиот тизер од филмот, во септеври се најавува вториот тизер и треилерот на филмот. |